Промоција на кампања „На секое дете му е потребно семејство“

ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гевгелија во соработка со Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ ја отпочнаа кампањата „На секое дете му треба семејство“ која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов. Кампањата има за цел и да мобилизира поддршка за решенија за грижа во семејно опкружување на ниво на заедницата, наспроти институционално згрижување.

Иницијативата е дел од заложбите на Владата да обезбеди услови за секое дете без родителска грижа во земјата да расте во безбедна и грижлива семејна средина. Тоа се постигнува преку вложување во превентивни активности и поддршка на биолошките семејства; развивање нови форми на згрижување и проширување на мрежата на згрижувачки семејства; инвестиции во подобрување на квалитетот на алтернативни решенија за грижа преку нивна стандардизација и вложување во рана детекција и рана интервенција на тешкотии во развојот кај децата.

Со оваа кампања сакаме да помогнеме да се мобилизира доволен број згрижувачки семејства кои имаат љубов за давање на децата кои се во моментот сместени во големи институции и да обезбедиме создавање широка мрежа семејства што се подготвени да ги отворат своите срца и домови за децата на кои може да им треба згрижување во иднина.“

Промоцијата на кампањата во Гевгелија ќе се одржи во Среда 13 јуни во 14 часот во Народен театар Гевгелија.

http://www.mtsp.gov.mk/makedonska-verzija-ns_article-kako-da-stanete-zgrizuvac-tekst.nspx