ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа- Гевгелија постапувајќи согласно член 20-г став 1 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија” број 27/2014, 199/2014, 27/2016 и 35/2018) објавува:

J  A  B  E  H     О  Г  Л  А  С

За вработување на 2 (двајца) извршители на неопределно време

ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа- Гевгелија има потреба од вработување на неопределено време на 2 (два) извршитела:

  1. Правник во службата за услуги од социјална заштита при ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа- Гевгелија

Заинтересираните кандидати, покрај општите услови утврдени со Закон треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:

– да имаат завршено Виско образование VII/1 степен или 240 кредити според ЕКТС, Правен Факултет, отсек Правни науки

–  2 години работно искуство во областа и

– активно да познаваат компјутерски програми за канцелариско работење.

– Месечен износ на нето плата 23.258, 00 денари.

– Неделно работно време од Понеделник до Петок.

– Работни часови во неделата 40 часа, работно време од 7:30/08:30 до 15:30/16:30 часот.

  1. Систем оператор за внес во служба за права од парична помош при ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гевгелија

Заинтересираните кандидати, покрај општите услови утврдени со Закон треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:

-да имаат завршено Средно гимназиско образование или Средно стручно образование – економски смер (четиригодишно средно образование )

– без работно искуство

– Месечен износ на нето плата 12.220,00 денари.

– Неделно работно време од Понеделник до Петок.

– Работни часови во неделата 40 часа, работно време од 7:30/08:30 до 15:30/16:30 часот.

Заинтересираните кандидати треба да достават Пријава, со прилог потребна документација, во оригинал или фотокопија заверена на нотар:

– Кратка биографија

– Диплома (Уверение) за завршен степен на образование кое се бара за работното место;

– Уверение дека не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

– Потврда за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

– Уверение за државјанство.

Рокот за доставување на пријавата е 5 (пет) работни дена сметано од денот на објавување на огласот.

Изборот ќе се изврши во рок од 15 дена, сметано од денот на завршувањето на јавниот оглас.

Пријавата со потребната документација, кандидатите треба да ја достават наследната адреса ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа- Гевгелија, улица „Маршал Тито, бб во Гевгелија.

Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана.