Меѓуопштински центар за социјална работа – Гевгелија е јавна установа за социјална заштита, со јавни овластувања заради вршење работи од социјалната заштита.
Надлежноста и дејноста се утврдени со Законот за социјалната заштита, Законот за заштита на децата, Законот за семејството, Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, Законот за правда за децата, Законот за азил и привремена заштита, Кривичниот Законик, Законот за кривична постапка и другите законски прописи.
Установата е основана со Одлука на Собранието на општина Гевгелија на 30.12.1969 година како Центар за социјална работа Гевгелија и е запишан во Окружен стопански суд во Скопје регистарски лист бр. 640 страна 687 свеска III во регистарот на установите со решение бр.01-3403 од 30.12.1969 година.
Согласно Одлуката за утврдување на мрежата на јавните установи за социјална заштита бр. 41-2743/1 донесена од Владата на Република Македонија на 1.05.2013 година (Службен весник на Република Македонија бр.67/13), Установата продолжува да работи како јавна установа за социјална заштита-Центар за социјална работа со следниов назив ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гевгелија и со надлежност за подрачјето на општините: Гевгелија, Богданци и Дојран.
Согласно јавните овластувања, центарот ги врши следните работи:
- Решава за правата од социјалната заштита, утврдени со Закон за Социјалната заштита;
- Решава за правата утврдени со Законот за заштита на децата и тоа: право на детски додаток, право на посебен додаток, право на еднократна парична помош за новороденче и право на родителски додаток за дете;
- Решава за правото на парична помош за лица со признаен статус на бегалец и под супсидијарна заштита утврдени со Законот за азил и привремена заштита;
- Решава за работи утврдени со Законот за Семејството и Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство;
- Постапува по работите утврдени со кривично-правните прописи;
- Води евиденција и прибира документација за корисниците за социјалната и семејно правната заштита, за применетите облици на социјална заштита; и
- Врши други работи, утврдени со Закон.
При спроведување на социјалната заштита и стручната работа, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Гевгелија ги остварува следните функции:
- Ги открива, следи и проучува социјалните појави и проблеми;
- Врши непосреден увид заради утврдување на фактичката состојба на лицето или семејството;
- Применува и спроведува соодветни облици на социјална заштита преку непосредна помош на граѓаните, семејството или група на население;
- Поттикнува и презема превентивни активности во спречување и отстранување на причините за настанување на положба од социјален ризик;
- Развива и спроведува вонинституционални облици на социјална заштита;
- Поттикнува, организира и координира волонтерски активностуи на граѓани, нивни здруженија, хуманитарни организации, во спроведување програми за социјална заштита на локално ниво;
- Изготвува планови и програми за социјална заштита;
- Применува и спроведува програми и други општи акти донесени и финансирани од општината;
- Поднесува извештај до Министерството за труд и социјална политика; и
- Врши други работи, утврдени со Закон.